Skip to main content
Свет

Жена во Австралија труела бебе и објавувала видеа на интернет за гледаност и донации

18/01/2025  19:20

Жена во Австралија е обвинета за труење дете и наводно за објавување видеа од мачењето на интернет за поголема гледаност и донации, соопшти полицијата на Бризбејн, пренесува Си-Ен-Ен.

34-годишната жена од Саншајн Коуст наводно „дала лекови на едногодишно девојче, кое и било познато, без лекарско одобрение“, се вели во соопштението на полицијата на Квинсленд.

Полицијата тврди дека жената, која не е официјално именувана, го труела детето од 6 август до 15 октомври 2024 година, кога медицинскиот персонал во болницата каде што детето било примено ги пријавило своите сомнежи кај детективите.

„Додека детето беше подложено на огромна вознемиреност и болка, се тврди дека жената снимила и објавувала видеа од детето“, соопшти полицијата. „Наводно, снимките биле користена за привлекување парични донации и следбеници на Интернет“.

Тестирањето за неовластени лекови даде позитивен резултат на 7 јануари и жената е уапсена во четвртокот, соопшти полицијата.

Таа е обвинета за пет точки за давање отров со намера да наштети, три точки за подготовка за извршување на кривични дела со опасни работи и по една точка за тортура, правење материјал за експлоатација на деца и измама, соопшти полицијата.

Жената се појави пред Судот во Бризбејн во петокот и ѝ беше одреден притвор до 28 јануари.