Skip to main content
Хроника

Жена тешко повредена откако со автомобил излетала од патот

28/02/2026  13:47

На 27.02.2026 околу 06:10 часот во СВР Битола е пријавено дека на локален пат за с.Обедник, демирхисарско, се случила сообраќајна несреќа во која патничко возило „хјундаи” со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од С.С.(45) од с.Обедник излетало од коловозот.

По несреќата С.С. со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Клиничка болница Битола, каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.