Skip to main content
Хроника

Жена тешко повредена, ја удрил возач на електричен тротинет и избегал

04/06/2025  14:26

На 03.06.2025 околу 14:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека на крстосница од ул.„121“ и бул.„Видое Смилевски Бато“ во Тетово, електричен тротинет удрил во пешакот Е.М.(53) од с.Добарце, тетовско, по што лицето кое го управувало го напуштило местото на настанот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.М., констатирани во Клиничката болница во Тетово.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово.