На 26.12.2024 во 21.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во семејниот дом на подрачјето на скопската општина Аеродром, била пронајдена почината М.А.(61), соопшти полицијата.
Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, додаваат од МВР.