Skip to main content
Хроника

Жена пријавила дека била тепана од нејзиниот партнер на паркинг во Аеродром

28/03/2025  18:15

Вчера во 23.15 часот во полициска станица во Скопје, 38-годишна жена пријавила дека еден ден претходно околу еден часот по полноќ била физички нападната од страна на нејзиниот партнер 27-годишниот М.Ј. на паркинг простор во скопската населба Аеродром.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.