Skip to main content
Хроника

Жена почина во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“

11/08/2025  08:38

Жена почина во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

– На 09.08.2025 во 23:00 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив околу 03:45 часот во тешка здравствена состојба била донесена 64-годишната А.Љ. од Љуботен, скопско.

Според пријавеното, ѝ била укажана лекарска помош, но во 22:40 часот починала, известија од полицијата во вчерашниот полициски билтен.

Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.