Хрватка била физички нападната синоќа во Скопје, пришто украден и е ранецот со паричникот и личните документи.
„На 27.12.2024 во 22.30 часот во СВР Скопје, Б.С.(57) од Република Хрватска, пријавила дека околу 20.30 часот на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело ранец со паричник и лични документи“, обајви МВР во дневниот полициски билтен.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.