
Седумдесет и пет годишна жена од Гостивар со престој во Струга била однесена почината во Медицинскиот центар во Струга, соопшти денеска СВР Охрид.
Според информацијата, вчера во 19 часот и 6 минути во полициската станица Струга било пријавено дека во Медицинскиот центар била однесена почината Д.И. (75) од Гостивар.
Жената, како што е појаснето, престојувала во приватен сместувачки капацитет во Струга.
– Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струга, а смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција, стои во соопштението на СВР Охрид.