Skip to main content
Хроника

Жена од Богданци натепана од својот сопруг

08/09/2025  14:17

На 07.09.2025 во 23:15 часот во Полициската канцеларија Богданци, 35-годишна жена од Богданци пријави дека околу 21:40 часот во угостителски објект во Богданци била физички нападната од нејзиниот сопруг К.Т.(43) од Богданци, со кого се во бракоразводна постапка. За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.