
ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против Ц.С. (48) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци” и „измама при добивање кредит или друга погодност”. На 08.05.2023, пријавената од С.Б. од с. Раклиш, преку социјална мрежа обезбедила негови лични податоци од лична карта и платежна картичка, со што му ветила наводна исплата од 300 евра. Меѓутоа, истите податоци ги искористила за да подигне брз кредит во своја корист.