Skip to main content
Хроника

Жена од Битола лажно се претставила дека работи во МВР и понудила вработување за 22. 500 евра

02/07/2025  11:53

СВР Битола до Основното јавно oбвинителство Битола поднесе кривична пријава против 43-годишната М.Л. од Битола поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „измама” по чл.247 од КЗ.

Имено, пријавената во временскиот период од 15.09.2024 до 15.04.2025, со намера да прибави противправна имотна корист, довела во заблуда 64-годишно лице од Битола односно лажно му се претставила дека е вработена во МВР и дека ќе му помогне неговиот син да се вработи во МВР, како и за други постапки.

Оштетениот во повеќе наврати и исплатил пари во вкупен износ од 22. 500 евра, извести МВР.