Skip to main content
Хроника

Жена и маж од Неготино меѓусебно се пријавиле во полиција за физички напад

11/02/2025  14:42

Секторот за внатрешни работи Велес информираше дека жена и маж од Неготино меѓусебно се пријавиле во полиција за физички напад.

„Синоќа во 21.50 часот, полициски службеници од ОВР Неготино лишиле од слобода 44-годишен жител на градот откако претходно бил пријавен дека физички ја нападнал неговата 33-годишна сопруга. Исто така утрово во 00:45 часот 44-годишниот маж пријавил дека во семејниот дом бил физички нападнат од неговата сопруга“, соопштија од СВР Велес.

Оттаму додадоа дека известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.