Skip to main content
Хроника

Железничка несреќа на преминот во близина на поранешна велешка „Порцеланка“, нема повредени

27/05/2025  10:11

Во СВР Велес вчера било  пријавено дека околу 09.34 часот на железничкиот премин  на Регионален пат Велес – Извор, во близина на поранешна фабрика „Порцеланка“ кај Велес, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управуван од 23 годишниот  Ѓ.О. од Чашка и патнички воз сопственост на Македонски железници, управуван од 39 годишниот К.З.од Скопје.

Во несреќата нема повредени лица, информира утрово Билјана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

По овластување на јавен обвинител, увид извршила  увидна екипа од СВР Велес.

Инаку патниот сообраќај за време на вршење на увидот се одвивал наизменично во двата правци, а железничкиот сообраќај бил во прекин во периодот од 09.34 до 10.45 часот.