Skip to main content
Хроника

Маж од Ранковце влегол во туѓ дом и украл пари

17/06/2025  15:01

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Г.Н.(66) од Ранковце поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба”.

На 27.05.2025 во с.Опила, општина Ранковце, пријавениот влегол во семејната куќа на С.Ј. и Л.Ј. и одзел пари, соопшти Министерството за внатрешни работи.