
Жарко Димитриоски од „Еден на еден“ објави видео порака која емотивно зборуваше за, како што вели, најверните пријатели на неговата емисија, Андреј Ѓорѓиески и Владимир Блажев Панчо од Групата ДНК.
Загубата на Андреј од ДНК го погоди познатиот водител. „Наместо последен поздрав 🖤🤍 Со љубов од цела екипа на Еден на Еден“.
Димитриоски вели дека еден лош збор не си кажале, а тие биле токму едни од ретките познати лица кои се такви.
„Се молам за закрепнување на Панчо, нека му даде Господ сила да застане на нозе, не сфатливо голем камен е врз него и дај Боже да има енергија да го износи. За Андреј не ми се верува дека треба да кажам беше, но Андреј беше човек со големо срце, насмевка, фин хумор често на своја сметка, и многу убава енергија.“, вели Димитриоски.
Тој додаде дека неодамна заедно соработјвале во документарецот за К-15 и поминале часови во смеа, па како што вели и тие моменти засскогаш ќе ги памети.
Апелира сите граѓани да почнат со промена од себе, со цел во иднина вакви трагедии да не ни се повторуваат.
Видеото посветено на ДНК погледнете го со КЛИК ТУКА.