Skip to main content
Хроника

Жална вест: Пронајдено е телото на девојчето што исчезна во Вардар кај Градско

29/07/2025  22:43

Пронајдено е телото на 16-годишното девојче, Теодора Бабариќ која на пред неколку денови јули исчезна во водите на реката Вардар во општина Градско.

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека телото на девојчето е најдено денеска во 12:10 часот во водите на Вардар во близина на Старо Градско.

Во потрагата за девојчето беа вклучени припадници на МВР и на специјалната единица „Волци“ на Армијата.

Исчезнувањето на девојчето беше пријавено од страна на нејзината сестра на бројот за итни повици.