
Утрово силна експлозија се случила во една станбена зграда во Букурешт, а делови од зградата целосно се урнале јавија романските медиуми.
Повредени се и 13 лица. Уривањето на зградата е предизвикано од силна експлозија, најверојатно предизвикана од гас.
Поради силата на експлозијата, училиштето кое се наоѓа во близина на зградата е исто така оштетено.
Спасувачите и екипите за итни случаи се на терен додека екипите го пребаруваат местото на експлозијата за да ги извлечат заробените.
Државниот секретар Раед Арафат апелираше до жителите да не влегуваат во зградата.
„Зградата е во опасност од уривање. Таа е целосно евакуирана“, рече Раед Арафат.