Skip to main content
Балкан

Зграда се урна во Турција, неколку лица заробени под урнатините

29/10/2025  10:06

Шесткатна зграда се урна во Коџаели, во близина на Истанбул, а според турските медиуми, седум лица се заробени под урнатините.

Полициски, противпожарни и медицински екипи се на местото на настанот и во тек е спасувачка операција.

Постојат информации дека во зградата живееле две семејства од по седум члена, засега не е познато дали сите биле внатре во моментот на уривањето, изјави градоначалникот на Гебзе, Зинур Бујукгоз.

Причината за уривањето на зградата сè уште не е позната.