Skip to main content
Македонија

Зголемено нивото на реката Вардар кај Јегуновце и Демир Капија

11/11/2025  11:13

Зголемен водостојот денеска има реката Вардар, особено кај Јегуновце и кај Демир Капија. Исто така, реката Треска кај Македонски Брод, Пчиња кај Катлановска Бања и Сатеска кај Ботун покажуваат пораст на нивото на водата, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Сепак, не сите реки бележат позитивен тренд. Црна Река кај Новаци, Пчиња кај Пелинце и Крива Река кај Крива Паланка покажуваат намалување на нивото под просекот за ноември.

Според податоците од УХМР, нивото на водата во Дојранското, Преспанското и Охридското Езеро е стабилно и во рамките на просечните вредности за месец ноември.