Skip to main content
Економија

Зголемено количеството на превезената стока во товарниот патен превоз

21/11/2025  18:20

Во третото тримесечје од 2025 година за 25,7 отсто е зголемено количеството на превезената стока во товарниот патен превоз во однос на истото тримесечје од претходната година. При тоа, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз e зголемено за 25,7 отсто, во железничкиот за 8, а во воздухопловниот превоз за 14,2 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2025 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 948 илјади, во градско-приградскиот 7,884 милиони, во железничкиот 35 илјади, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 1.054.189.