Skip to main content
Македонија

Зголемен сообраќај на граничните премини – на Табановце се чека до 45 минути

11/08/2025  08:41

Летната туристичка сезона донесе зголемена фреквенција на возила на излез и влез во државата, особено на граничните премини Табановце и Богородица.

Според податоците од Автомото сојузот на Македонија, на Табановце за влез во земјава се чека од 30 до 45 минути, додека на Богородица времето на чекање за излез е околу 30 минути.

На останатите гранични премини сообраќајот се одвива без поголеми задржувања, а коловозите низ земјата се суви и проодни. Возачите се предупредуваат на можни одрони по одредени патни делници, особено низ клисурите и планинските предели.

АМСМ апелира граѓаните да патуваат со трпение, да ја прилагодат брзината и да ги почитуваат сообраќајните правила, особено во периоди на зголемен интензитет на движење