Познатиот Горан Алачки и неговиот зет, популарниот музичар Игор Димовски деновиве преку социјалните мрежи си разменија тешки зборови.
Кавгата почна кога Алачки објави фотографија под која напиша: „Оваа хармоника беше направена од Ремо Гуерини специјално за мојот син. За жал, отиде во рацете на мојот ученик и зет Игор Димовски од Драчево“.
На овој статус изреагира Димовски, инаку сопруг на неговата ќерка Грациела.
„На Гранде Горан Алачки му е жал што оваа хармоника од Ремо Гуерини ја купил поштено Игор од Драчево. Не сум љубител на овој тип статуси, но во име на вистината ред е мојата страна да ја кажам дури се исмејава некој на моја сметка. Да му беше жал и сакаше да ја чува и остане во фамилија не би требало да ја продава нели, не му дојде до тие пари, колекционер на поршиња е. Оваа хармоника беше ставена на оглас од лицето на кој тој ја продаде пред многу години, а јас ја купив со пари исто како што би ја купил и Трајче од Конопиште“.
„Не жали Горане, јас ја купив оваа хармоника и ја вратив назад во фамилија, ќе остане на некои од твоите внуци, внуци кои пораснаа, а се’ уште не те ни знаат, не те знаат и запрашај зошто не те знаат. Со ова нарушуваш мој углед, а исто и на сопственото дете, и ти свиреше по Скопските меани, песна систем не се роди на стадион и не туку глуми Мадона, на следна ваква провокација ќе ги објавам сите негови гадости! Една од поблагите гадости е кога доживеав тешка сообраќајка и имав пет проценти шанси да преживејам и бев речиси удавен во река, а тој после неколку дена ми рече ете „Господ те казни”, а јас па за возврат пробав да го помирам со фамилијата, иако е блокиран од родената ќерка со години. Немојте да ме споменувате како зет на овој човек, овој човек мене ми дал занает и тоа точно, но за тој занает моите родители јаделе леб и сол во тоа време и го плаќале моето школување и сум се доградил со музичка академија на крајот, и сум паѓан на испити само поради што сум бил „зет” на Горан, овој човек мене не што не ми помогнал во животот само ми одмогнал со неговите превари и далавери“, пишува Игор.