Skip to main content
Хроника

Зет удрил татко и дедо на сопругата во Аеродром

05/09/2025  14:19

Денеска (05.09.2025) во 00:05 часот во СВР Скопје, 45-годишен скопјанец пријавил дека тој и неговиот 70-годишен татко биле физички нападнати од нивниот зет.

Според пријавата, на 04.09.2025 околу 20:40 часот, во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром, напаѓачот М.П. (23) од скопско село, кој е во бракоразводна постапка со ќерката на пријавителот, најпрво започнал вербална расправија, по што и физички ги нападнал двајцата, користејќи и тврд предмет.

Полицијата извршила увид и работи на целосно документирање на случајот. Од МВР информираат дека по завршување на постапката ќе следува соодветен поднесок против напаѓачот.