Skip to main content
Балкан

Земјотрес утрово ја погоди Турција

06/03/2026  08:35

Земјотрес со јачина од 4,5 степени по Рихтер го погоди турскиот туристички град Анталија рано утрово, објавија турските медиуми.

Земјотресот го регистрираше Управата за управување со катастрофи и вонредни состојби (AFAD) на земјата.

Земјотресот се случил на длабочина од 12,5 километри, а засега нема информации за евентуални материјални штети.