Skip to main content
Македонија

Земјотрес утрово ја погоди Албанија, почувствуван и во Македонија

26/03/2025  08:52

Земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтер утрово ја погоди Албанија. Епицентарот на земјотресот бил на 35 километри од Елбасан, во близина на границата со Македонија.

MK Summit

Потресот бил почувствуван и во југозападните делови на Македонија, особено во охридско-струшкиот регион. Засега нема информации за причинета материјална штета или повредени.