Skip to main content
Свет

Земјотрес со магнитуда 5,7 го погоди Чиле

26/05/2025  07:51

Земјотрес со интензитет од 5,7 степени според Рихтеровата скала го погоди чилеанскиот регион Тарапака, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Земјотресот бил на длабочина од 103 километри, соопшти ЕМСЦ.

Засега нема информации за евентуална штета или повредени.