Skip to main content
Свет

Земјотрес со јачина од 6,6 степени ја погоди Папуа Нова Гвинеја

20/05/2025  18:26

Силен земјотрес со интензитет од 6,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди денес Папуа Нова Гвинеја, соопшти Геолошкиот завод на САД (USGS).

Епицентарот на земјотресот бил 81 километар североисточно од градот Ангорам и се случил на длабочина од 10 километри, соопшти USGS.

Засега нема извештаи за жртви или материјална штета.