Skip to main content
Свет

Земјотрес со јачина од 5,4 степени ја погоди Нова Ирска

02/01/2025  11:20

Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди островот Нова Ирска, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Земјотресот се случил утринава во 7 часот и 6 минути на длабочина од 10 километри.

На веб-страницата ЕМСЦ се наведува дека земјотресот се случил на 70 километри од градот Рабаул во Папуа Нова Гвинеја.