Skip to main content
Македонија

Земјотрес со јачина од 5.0 степени регистриран во Грција, почувствуван и во Македонија

22/09/2025  08:52

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава во 03 часот и 20 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, , 290 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML5.0.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во југоисточните делови од Републиката, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, Ве молиме пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот:

https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici  или јавете се на 112