Skip to main content
Свет

Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтер го погоди регионот на Османије во јужна Турција

19/10/2025  14:58

Земјотрес е регистриран денеска околу 14:39 часот по локално време во регионот на Османије, град во јужна Турција, објави Си-Ен-Ен Tурк.

Според турската Дирекција за управување со катастрофи и вонредни состојби (AФАД), земјотресот бил со јачина од 4,1 степен според Рихтер, со епицентар во селото Сумбас на длабочина од околу седум километри.

Земјотресот предизвикал паника кај населението. Не се соопштува за причинета материјална штета и повредени луѓе.

Екипите на АФАД ја следат ситуацијата.