Skip to main content
Свет

Земјотрес со интензитет од 6,5 по Рихтер ја погоди Колумбија

08/06/2025  18:04

Силен земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала денеска ги потресе Богота и други колумбиски градови, објави Националниот геолошки завод.

Епицентарот на земјотресот бил во Паратебуен, град оддалечен околу 187 километри од Богота.

Геолошкиот завод на САД ја проценил јачината на земјотресот на 6,3 степени според Рихтеровата скала.