
Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во 19:46 часот на грчкиот остров Крит.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 18 километри под површината на земјата.
Засега нема информации за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.