Skip to main content
Свет

Земјите од Персиски Залив бараат одобрување од ОН со сила да ја ослободат Ормуска Теснина за пловидба

02/04/2026  20:51

Генералниот секретар на Советот за соработка на државите од Заливот, Џасем ал Будаиви денеска го повика Советот за безбедност на Обединети нации да одобри употреба на сила за ослободување на Ормуска Теснина за пловидба.

– Го повикуваме СБ на ОН да преземе целосна одговорност и да ги преземе сите потребни мерки за заштита на морските коридори и да осигури безбедно продолжување на меѓународната пловидба, наведе ал Будаиви на состанокот на Советот за соработка на државите од Персиски Залив, чии членови се Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Катар, Кувајт и Оман.

Петнаесет земји-членки на СБ на ОН веќе десет дена дебатираат за нацрт-резолуцијата предложена од Бахреин, со која се бара една држава или коалиција од држави да бидат овластени „со сите потребни средства“ да обезбедат слободна пловидба низ Ормуска Теснина, што е парализиран од 28 февруари поради војната на САД и Израел против Иран.

Иран практично ја затвори Ормуска Теснина, низ која минува една петтина од вкупната потрошувачка на нафта во светот. Повторното отворање на тој воден пат стана приоритет за владите ширум светот, бидејќи растат цените на нафтата.