
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ѝ се заблагодари на Велика Британија за пресретнувањето на рускиот танкер за нафта од „флотата во сенка“ во Ламанш, опишувајќи ја оваа постапка како „важен чекор“.
„Дрскоста на Русија, поттикната од приходите од нафта и гас, го поплочи патот за оваа војна, и секоја одлука на партнерите која ја лишува Русија од пари, исто така ја ограничува и самата војна“, напиша Зеленски на социјалните мрежи, заблагодарувајќи му се лично на британскиот премиер Кир Стармер и на „сите Британци“.
Зеленски истакна дека на Европа итно ѝ се потребни законодавни чекори за да се овозможи не само задржување на танкерите и ограничување на испораките на нафта, туку и конфискација на нафтата што тие ја превезуваат.
„Тоа со сигурност ќе помогне да се приближи мирот“, заклучи претседателот на Украина.
Премиерот на Велика Британија, Кир Стармер, претходно денеска изјави дека утринава им наредил на британските сили да пресретнат танкер за нафта од „флотата во сенка“ кој се обидувал да помине низ Ламанш. Според него, „таа успешна операција му задава уште еден удар на рускиот претседател Владимир Путин во Украина, потсетувајќи ги оние што ја поттикнуваат војната дека нема да им биде дозволено да се скријат“.
Претходно оваа недела, „Тајмс“ објави резултати од истражување, според кои припадници на руската приватна воена компанија „Вагнер“ учествувале во обезбедувањето на танкерите од руската „флота во сенка“ за време на нивното поминување низ Ламанш. Како што е наведено, бродовите од „флотата во сенка“ од 2023 година оствариле голем број транзити низ британските води, и покрај санкциите воведени против Русија.
I am grateful to the UK for taking this important step against Russia’s oil fleet – a shadow fleet tanker has been detained off the UK's southern coast.
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) June 14, 2026
It was Russia’s hubris, fueled by high oil and gas revenues, that paved the way for this war, and every decision by partners… https://t.co/ej16vDOF0E


