Skip to main content
Свет

Зеленски: Украина никогаш не била и нема да биде пречка за мирот

16/01/2026  10:27

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во вечерното обраќање до нацијата, изјави дека Киев не е и нема да биде пречка за мирот.

Неговата изјава уследи откако американскиот претседател Доналд Трамп вчера наведе дека Украина, а не Русија го забавува евентуалното склучување на мировен договор.

Трамп одговарајќи на прашањето зошто сè уште не е решен најголемиот копнен конфликт во Европа од Втората светска војна, одговори – „Зеленски“.