Skip to main content
Свет

Зеленски: Украина има потреба од 700.000 тони дизел и бензин месечно

28/03/2026  20:51

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на неговата земја ѝ се потребни 700.000 тони дизел и бензин месечно за да ги задоволи сите потреби.

„Засега, армијата е целосно снабдена. Армијата е наш приоритет. Имаме целосна контрола врз количините на гориво. Вкупните залихи на дизел и бензин за целата земја, вклучувајќи ја и армијата, изнесуваат приближно 700.000 тони месечно“, рече Зеленски на онлајн прес-конференција.

Тој додаде дека годишното количество гориво се проценува на околу 7,4 милиони тони.

Според него, немало прераспоредување на американско оружје од Украина кон Блискиот Исток, иако идните случувања ќе зависат од многу фактори, вклучително и времетраењето на војната.

„Што се однесува до прераспоредувањето на оружјето, ништо слично не се случило. Не можам да предвидам како ќе се развива ситуацијата. Мислам дека тоа ќе зависи од многу фактори. Времетраењето на конфликтот веројатно ќе биде одлучувачко. Се надевам дека такви мерки нема да се случат“, рече Зеленски .

Украина очекува од евентуална транша од 45 милијарди евра од Европската Унија оваа година, од 17 до 18 милијарди евра ќе бидат издвоени за поддршка на државниот буџет, додека 28 милијарди евра ќе бидат наменети за производство на оружје и набавка на системи за воздушна одбрана, додаде претседателот.