Skip to main content
Свет

Зеленски: Територијалните прашања остануваат пречка во преговорите

22/01/2026  22:30

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека документот за безбедносните гаранции од САД е подготвен, но нагласи дека територијалните прашања во војната со Русија сè уште не се решени.

Зеленски пред новинарите на Светскиот економски форум во Давос истакна дека и Москва и Киев ќе мора да направат компромиси.

„Зборуваме за најтешкото прашање кое сè уште не е решено. Верувам дека тристраните средби ќе ги покажат сите можни опции“, изјави Зеленски.