
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека следната недела се очекува нова размена на воени заробеници со Русија, во согласност со постигнатите договори.

Тој информираше дека во тек се напори за враќање на сите украински државјани кои се уште се наоѓаат во руски притвори.
– Планираме размената да се реализира следната недела, барем таков е договорот, истакна Зеленски.