Skip to main content
Свет

Зеленски инсистира на безбедносни гаранции од Западот со цел да ја одврати Русија

27/02/2025  10:42

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, кој утре заминува за САД, синоќа инсистираше на потребата неговата земја да добие „безбедносни гаранции“ од Западот.

MK Summit

Зеленски утре во Вашингтон треба да разговара со Доналд Трамп.

-Гаранциите за мир и безбедност се клучот за спречување на Русија да уништува животи во другите нации, рече Зеленски во своето редовно вечерно обраќање до нацијата.

Тој исто така рече дека за него „ и за сите нас ширум светот, е важно да не престане помошта на Америка.