Skip to main content
Свет

Зеленски: Илјадници украински деца сè уште треба да бидат вратени од Русија

05/12/2025  20:21

Украинскиот претседател упати благодарност до Трамп за помошта да се вратат седум украински деца од Русија. Истакна дека се уште има илјадници деца кои треба да бидат вратени во Украина.

„Му се заблагодарувам на американскиот претседател и на првата дама на САД за нивното континуирано внимание кон ова важно прашање“, напиша Зеленски на социјалната платформа „Х“.

„Илјадници наши деца сè уште треба да бидат вратени и сметаме на широка меѓународна поддршка за да се случи ова“, додаде тој.