
Украинскиот претседател Володимир Зеленски истакна дека имал продуктивен состанок во Лондон со италјанската премиерка Џорџа Мелони и донеле одлука за развивање на заеднички акционен план за завршување на војната со праведен и траен мир.
Зеленски обвини дека никој освен рускиот претседател Владимир Путин не е заинтересиран за продолжување и брзо враќање на војната. Тој нагласи дека на Украина и треба мир поддржан од цврсти безбедносни гаранции.
„Благодарен сум на Италија за нејзината континуирана поддршка и партнерство во воспоставувањето мир во Украина“, истакна Зеленски.
Британскиот премиер Кир Стармер денеска во Лондон е домаќин на украинскиот претседател Володимир Зеленски и голем број европски лидери, кои ќе разговараат за безбедносните гаранции што европскиот континент може да ги понуди на Киев во случај на прекин на огнот со Русија.