
Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека до денеска во земјата се вратени 2.000 украински деца кои претходно биле држени во заробеништво од страна на Русија.
„Секое враќање е резултат на секојдневните напори на нашиот народ, граѓанските организации и меѓународните партнери. Благодарни сме на сите кои придонесоа во оваа борба за иднината на нашите деца, нашата земја и целиот слободен свет“, напиша Зеленски на платформата X.
Претседателот нагласи дека патот до целосното враќање на сите украински деца е долг и тежок. „Илјадници деца сè уште се во заробеништво на Русија и секојдневно стануваат жртви на нејзините злосторства“, додаде тој.


