Skip to main content
Македонија

Зелен хуман град: Министерството за животна средина со децении противзаконски толерирало трујачи

13/12/2025  12:47

Министерството за животна средина обидувајќи се да се покрие за едно злодело призна друго! Призна дека со децении противзаконски толерира трујачи, дека иако не постои ниеден закон со кој труењето може да биде деловна тајна, тие тоа го дозволувале и дека со новиот криминален закон само си го легализираат злоделото, велат од Зелен хуман град.

Индустријата одамна го користела правото на деловна тајна за информации што согорува според Министерството за животна средина. Имало многу закони и подзаконски акти што тоа им го овозможувале. Кои се тие акти?! Каде се?! Бидејќи освен Законот за тутун, не постои друг акт во кој деловна тајна може да биде загадување или каква било штета по животната средина, животот и здравјето на луѓето и животните.

Додека Министерството и сите останати институции се преправаат дека најголем загадувач се домаќинствата со нивната најнова изјава излегува дека со децении прикривале еколошки криминал на штета на здравјето на сите нас!

Бараме обвинителството да почне итна истрага по службена должност за институционалната улога во прикривањето на загадувањето, да утврди кој, кога и по чија наредба дозволил загадувањето да се крие од јавноста, да утврди  кривична одговорност кај сите инволвирани кои дозволиле со децении да ги плаќаме тие „деловни тајни“ со нашите бели дробови, со здравјето на нашите деца и со уништена животна средина! – додаваат од таму.

Бараме целосна јавност на сите податоци за емисии, без исклучок! Правото на здрав живот ни е загарантирано со Уставот, се наведува на крајот од реакцијата.