Пишува: Иван Анастасовски, професор на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје
Една година е зад нас, а новата пред нас. Она што правиме прво е тоа што сумираме што сме направивме на професионален, семеен и друг план, а што не сме направивме а можевме да направиме во годината која измина. Исто така, оваа е период на спомени од старата и очекувањата од новата година. Што е тоа што е заедничко и за двете години на политички план нормално избори, и тоа парламентарни и претседателски 2024 година наспроти престојните локални избори 2025 година, период кога граѓаните се прашуваат, кога граѓаните се важни и потребни, кога граѓаните одлучуваат. Факте е тоа дека граѓаните одлучија во 2024 година на кога да му ја дадат довербата но во исто време и кому да му се одземат таа доверба. Лично јас би сакал да нема додворување на начин на кој тоа се практикува веќе 30 години во изборни процеси, туку да има нов политички сенс од страна на лидерствата на партиите во насока да почнат да функционираат и да работат вом интерес за тие исти граѓани во текот на целиот свој манадат, а не да се насочуваат кон сопствените лукративни пореби и цели користејќи ја моќта која ја дава освојувањето на власт. До сега одговорно тврдам дека било така, дали тоа ќе продолжи и понатака останува да видиме со новата политичка гарнитура која пред се има апсолутна одговорност на сите ниво на власта од претседател на држава, претседател на влада до огромен број на градоначалници и со тоа ќе мора да се носи професионално, одговорно и прецизно точно.
Патем, граѓаните можеби во најголем процент одлучија да го казнат СДСМ како партија која го изгуби концептот на владеење а да не зборуваме за одговрноста, и при тоа целата политичка моќ ја препуштија на партијата ДУИ се со цел одредена група на поедници во СДСМ да можат да егзистираат и опстојат на политичка сцена во занесот на нивните функции, а при тоа неводејќи воопшто грижа за нас граѓаните (избирачите). Да бидам јасен и прецизен, не сакам да генерализирам но со сигурност знам дека во СДСМ има одлични професионалци и луѓе посветени кога се работи за одговорност при вршење на функција и затоа овде би сакал јавно да ги посочам пред се поранешните министри за внатрешни и одбрана Оливер Спасовски и Славјанка Петровска како и поранешниот вицепремиер Фатмир Бетиќи, Денбес тие не се дел од тимот на новиот претседател на СДСМ Венко Филипче и можеби тоа е добра одлука да се воведе свежа нова крв во органите. Факт е тоа дека за равојот на нашата држава и нашево општетсво многу е значајно СДСМ како политички концепт да опстои и да функционира, но сепак да не заборавиме дека тиа ги имаатдонесено најзначајните одлуки кои го трасираа нашиот пат пред се кон НАТО а потоа и кон Европската Унија. Сега дали Венко Филипче ќе успее да го рефомира и реорганизира овој партиски систем останува да видиме, веројано како врвен лекар, професор особено како неврохирург ќе знае да напрви хируршки прецизен рез и да го отстрани заразеното ткиво кое го донесе СДСМ на ниво на маалска партија за ситни потреби на поединци.
Од друга страна, ВМРО како водечка сила денес на политичка сцена освојувајќи при тоа огромен број на манадати во Парламентот на Македонија се здоби со огромна одговорност да управува со нашата држава и со нашите животи. Да бидам искрен почетокот на владеењето на ВМРО не беше охрабрувачко дека со таква силна моќ и поддшка ќе ги променат процесите во нашево општество. Но исто така, факт е тоа дека премиерот имаше одлични кадровски решенија на одредени важни државнички позиции, особено мислам на министерството за надворешни, внатрешни и одбрана Тимчо Муцунски, Панче Тошковски и Владо Мисајловски, тука ќе го потенцирам и министерот за локална самоуправа нашиот колега Златко Перински кој покажува исклучителна посветеност, професионалност, но и човечност пред се во обавување на својата функција. Да не заборавам и тоа дека пратеничката и претседателка на Унија Жаклина Пешевска манифестира многу сериозна и посветена активност во обавување на своите професионални обврски.
Но сепак, годинава ние нема директно да ги мериме активностите на министрите, пратениците како и останатите функционери на други нивоа на власта, туку годинава ќе имаме таква можност да ги оцениме градоначалниците и со тоа да им ја одземеме или пак повтроно им дадеме можноста да НЕ/управуваат со општинската каса. Но сепак, на престојните локалани избори пред се ќе биде првиот тест за работата на Владата во период нешто помалку од една и пол година, а на база на тоа чувството кај мнозинството граѓани е дека ВМРО во најголем процент ќе ги добие престојните локални избори при тоа освојуваќи ги општините вклучувајќи го тука и градот Скопје, и покрај тоа што љубовта на првата дама на главниот град со партијата ВМРО не траеше многу време и покрај тоа што главниот град не се менаџира како што посакуваат жителите на Скопје сепак сум убеден дека и таму ќе дојде до промени. Она што е значајно да се потенцира според мене е тоа кога се избира на локално ниво би сакал лично влијанието на потичката партија да е минорно односно незначително и да ние граѓаните го избереме кметот според нашато убедување и за нашите потреби во локалната заедница.
Сепак, градоначалниците ќе тргнат сега со сета расположлива сила да ги освојат симапиите на граѓаните и да бидат бидат блиску до нив, но дали реално сите ја заслужуваат довербата ќе се покаже на денот на гласањето. Лична моја перцепција е тоа дека има градоначалници кои се неприкосновени во своето практикување на власт и тоа сосема заслужено, како пример ќе го наведам градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев кој и на 1 Јануари не седи мирен и отвара скијачки центар на Михајлово кое е сместено во срцето на Кожув планина, тука ќе ги истакнам и градоначалниците на општина Крива Паланка Сашко Митовски, општина Охрид Кирил Пацаков и на општина Аеродром Дејан Митески кои се во одлична позиција наспроти потребите на граѓаните на нивните општини.
Конечно, политичките партии и нивните перјаници стартуваат со нивните активности, воено ние да им посакаме среќна нова 2025 година и нека си успеат нека ги убедат гласачите, а ние гласачите да си посакаме дека е време да почнеме да се определуваме на база на нашите реални сознанија и нашите потреби а не на потребите на политичката партија. На крајот кажано во спортски жаргон нека победи подобриот.
Почитувани читатели,
Ви посакувам од срце среќна Нова 2025 година и честит Божик и чувајте го пред се сопственото здравје.