
Директните преговори меѓу украинската и руската делегација во Истанбул завршија, потврди извор од турското МНР.
Ова беше прва средба во живо меѓу двете страни во последните три години и траеше нешто повеќе од еден час.
Русија постави барања кои се нереални и одат подалеку од се што некогаш било предмет на преговори, изјави извор од украинската дипломатија по денешните разговори во Истанбул.
Според овој извор, меѓу руските барања е и повлекување на украинските сили од сопствената територија како услов за прекин на огнот.
Тој додаде дека имало и други барања кои, како што вели, биле „неприфатливи од старт“.