
Со одигрувањето на четирите дуели од вчерашната програма од 3.коло по групи заврши првата фаза на Европското првенство што се игра во Белград.
Според новиот формат 12 репрезентации поделени во две групи по шест ги продолжуваат натпреварите за медали, со тоа што ги пренесуваат резултатите од групите од првата фаза.
Во Е групата ќе играат: Унгарија, Србија, Шпанија, Црна Гора, Холандија и Франција. Со тоа што Унгарија пренесе шест бодови, а Србија пет, додека Шпанија и Црна Гора по 3, Холандија 1, Франција 0.
Во групата Ф Италија и Грција пренесоа по 6 бодови, Хрватска и Романија по 3, додека Турција и Грузија не пренесуваат бодови.
Натпреварите од втората фаза продолжуваат денеска, a двојките се: Црна Гора – Шпанија, Унгарија – Холандија и Србија – Франција (група Е), додека утре се играат дуелите од Ф групата.

