Skip to main content
Хроника

Затворски полицаец бил нападнат од осуденик во „Идризово“

13/05/2025  14:34

Триесет и тригодишен скопјанец кој извршувал затворска казна во „Идризово“ нападнал затворски полицаец.

„Вчера во 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 09.30 часот во Казнено – поправната установа Затвор Скопје, при извршување претрес во соба, осуденикот Р.Ш.(33) од Скопје физички нападнал затворски полицаец“, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.