Skip to main content
Хроника

Затворенички се тепале во Идризово, едната со тешки повреди пренесена на Клиника

25/02/2025  16:22

На 24.02.2025 во 14.54 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека на 23.02.2025 околу 21.20 часот во женското одделение во установата бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу осуденичките Х.Д. и Е.А., при што Е.А. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.