Skip to main content
Македонија

Затворен патот Тетово–Јажинце, багери копаат за да го спречат огнот

15/08/2025  23:14

Регионалниот пат Тетово–Јажинце е целосно блокиран во двата правци поради пожар кој зафати дел од трасата, информира Министерството за внатрешни работи.

Сообраќајот е во прекин на потегот од селото Старо Село кон Јажинце, а на терен се работни машини и багери кои вршат ископ со цел да се спречи проширувањето на огнената стихија.

Од МВР апелираат граѓаните да не патуваат во овој правец сè додека не се нормализира состојбата, а за повторното воспоставување на сообраќајот јавноста ќе биде навремено информирана.