Skip to main content
Македонија

Затворен граничниот премин „Меџитлија“ поради пожар

27/07/2025  18:35

Од 14:30 часот граничниот премин Меџитлија е затворен за секаков вид на сообраќај поради пожар.

Од 15:45 часот сообраќајот на патниот правец Свети Николе – Куманово е нормализиран.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце, времето на чекање за влез во државата е околу 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.